Бербатов за „клетвата Хари Кејн“: Тоа звучи…
16.02.2024 Februari Petok
Хари Кејн долго време беше клучен играч и заштитен знак на премиерлигашот Тотенхем, но и покрај неговите голови, асистенции, лидерски способности тимот не успеа да освои ниту еден пехар во неговиот престој во Лондон.
Токму тоа беше една од причините Кејн да побара нов предизвик во кариерата и Тотенхем го замени со Баерн Минхен, тим кој со години доминира во Германија, освојува лигашки и куп трофеи.
Меѓутоа и на Баерн не му оди во актуелнава кампања, остана без пехарот во Супер Купот, доживеа шокантна елиминација во Купот, во Бундеслигата е на второто место со пет бода минус во однос на водечкиот Баер Леверкузен, а во Лигата на шампионите пак го загуби „првото полувреме“ во пресметката со Лацио.
Иако доста критики за тренерот, целиот тим, играчите меѓу кои и Кејн, а има и такви кои се шегуваат со тоа што порачуваат дека се работи за клетва, односно кој ќе го има напаѓачот нема да освојува титули.
-Хари Кејн сè уште постигнува голови и сигурен сум дека тоа го прави среќен. Ако гледате на клупско ниво, тие се борат за трофеи, но заостануваат пет бода зад Леверкузен. Тоа ќе биде навистина лошо за Хари бидејќи тој отиде таму да освојува трофеи. Фудбалот може да биде суров. Сепак, сè уште ништо не е готово. Баерн се уште има шанси да се бори за трофејот. Ќе биде тешко, но шансите се уште постојат. Сè уште мислам дека Хари е среќен затоа што постигнува голови, -истакна Димитар Бербатов и притоа додаде:
-„Клетвата Хари Кејн“? Ебете се! Тоа звучи глупаво и е непочитување! Не сакам ни да размислувам за тоа. Понекогаш фудбалот и животот функционираат вака. На крајот на денот, кога ќе се повлече од фудбалот, сигурно ќе освои некои трофеи. Кога тој постигнува толку многу голови, но тимот сè уште не е доволно добар, тогаш напаѓачот си ја врши работата. Луѓето треба да ги погледнат другите позиции, дали другите играчи даваат се од себе за да му дадат комплимент на Хари Кејн? Дозволуваат многу голови во одбраната, -додаде Бугаринот.
Comments