top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Берачи на маслинки“, Ван Гог

1001 слика што мора да ги видите

Наслов на делото: „Берачи на маслинки“ Година: 1889 г. Автор: Винсент ван Гог Техника: масло на платно Сопственост: приватна колекција Димензии: 72,4 Х 89,9 см

Славниот холандски сликар Винсент ван Гог во 1889 година насликал серија слики инспирирани од маслиновите полиња, масла на платно, една година пред својата смрт. Меѓу нив е и делото „Берачи на маслинки“, создадено за време на престојот на уметникот во Сан Реми. Ван Гог сакал да слика маслинови дрвја и чемпреси. Тие се едно од местата на неговата инспирација. Тој ја насликал маслиновата градина што се наоѓала спроти неговата куќа. Сликата е насликана со силни и ритмички потези. Целата 1889 г. Ван Гог ја поминал во болницата „Сен Пол де Масол“, сместена во манастир во Сен Реми, оддалечен помалку од 32 км од Арл. Манастирот се наоѓал во област со пченкарни полиња, лозја и маслинови дрвја. Ван Гог имал две мали соби со прозорци со решетки. Едната ја користел како ателје. Главен предмет на неговите слики за време на тамошниот престој биле болницата и градините. Понекогаш можел да шета со придружба и од тие прошетки ги направил сликите со маслинови и чемпресови дрвја. Меѓутоа, поради ограничениот број прошетки, Ван Гог немал доволно инспирација за сликање. Затоа работел на интерпретации на слики од други уметници и варијации на неговите претходни слики. Во текот на целата година што ја поминал во Сен Реми, уметникот претрпел неколку сериозни напади кога станал насилен кон другите и кон себе, но во неговите луцидни моменти сфатил дека и покрај неговата голема несреќа, треба да остане таму. Многу од пејзажите што ги насликал тој во овој период се лишени од фигури, што веројатно било поради реалноста на руралната ситуација. Меѓутоа, во зимата 1889 година тој ја насликал сликата „Берачи на маслинки“, користејќи поедноставени форми, слично како неговиот пријател Гоген. Употребата на боја во последните неколку години има специфично симболично значење за уметникот и додека претходно таа сугерирала расположение или чувство, во ова дело таа почнува да добива симболично значење.


3 views

Comments


bottom of page