Бензема: Не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал
Карим Бензема пристигна како млад талент и голобрадо момче во Реал Мадрид, а 12 години подоцна, тој е вистинска фудбалска ѕвезда и дочека нешто што малку кој го очекуваше.
Французинот испрати голем број легенди од првиот тим на Реал и се избори за статус на легенда во „кралскиот клуб“, а по заминувањето на Реал, за првпат во кариерата ќе биде и капитен на еден тим.
Во новата сезона, Карим влегува како прв капитен на Реал и одговорноста ќе биде уште поголема за него, но со оглед на неговото искуство во изминатите 13 години, знае дека обврската останува иста како и досега, а тоа е да се носат трофеи на „Сантијаго Бернабеу“.
– Да бидам искрен, не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал Мадрид, да бидам прв капитен на тимот. Кога дојдов имав само 21 година, а сега имам 34 и сум капитен.
– Вистинска чест е да се носи капитенската лента, тоа е награда за напорната работа сите овие години. Но, лентата ништо не менува, мојот фокус останува ист како и досега, а тоа е да се победува на секој меч. Не се важни годините, телото ми е совршено и работам напорно секој ден за да бидам се подобар, – изјави Бензема пред вечерашниот дуел со Ајнтрахт во европскиот Суперкуп.
Comments