top of page
Search

Бензема за тоа кој треба ја освои Златната топка: Беше над останатите, тој е комплетен фудбалер

22.07.2024 Juli Ponedelnik

Поранешниот француски репрезентативец, Карим Бензема го издвои фаворитот за Златната топка, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.

Се очекува да биде доста интересно, возбудливо затоа што е прашање, тема која е отворено затоа што нема некој играч што премногу се издвојува, но има фудбалери кои ја заслужуваат по одлините сезони кои ги имаа.

Според Карим кој знае како е да да се добие ова признание, Винисус Жуниор од Реал Мадрид е пред сите.

-Ќе кажам Винисиус затоа што го заслужи тоа за минатата сезона, но не само поради тоа, туку и поради она што го направи претходната сезона. Беше над останатите, тој е комплетен фудбалер.

-Може сам да го добие противникот. Секако со помош на соиграчите, но тој е многу добар кога му треба на Реал и затоа ја заслужува Златната топка. Секогаш се појавува кога е потребно, Вини ми е омилен поради сето тоа, -порача Карим.

Во игра се и Џуд Белингам, Родри, а во оваа комбинација сигурно вреди да се стави и дефанзиевцот Дани Карвахал кој ги освои сите најважни клупски пехари со Реал, плус стана европски првак со Шпанија.


0 views

Comments


bottom of page