top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бендот на Кијану Ривс со нова музика по пауза од 23 години

Бендот на Кијану Ривс, „Догстар“, ќе објави нова музика првпат по 23 години. „Догстар“ нема издадено албум од Happy Ending во 2000 година, но по повторното обединување минатото лето, членовите најавија дека ќе објават нови песни подоцна ова лето. Бендот во кој холивудскиот актер Кијану свири бас-гитара се огласи на „Инстаграм“: „Ви благодариме на сите за убавите коментари. Пресреќни сме што гледаме таков одговор“. „Искрено, не го очекувавме ова, нè тера да сакаме да свириме уште повеќе“. „Ќе објавиме нова музика ова лето, проследена со неколку свирки. Штом ќе имаме попрецизни информации, веднаш ќе ги известиме сите“.



0 views

Comments


bottom of page