top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бен Афлек ќе игра во Дизниевиот „Хари Худини“, но не како магионичар

16.12.2020 Декември Среда Освен што ќе ја репризира улогата на Бетмен за претстојната филмска верзија на „Флеш“, се чини дека Бен Афлек ќе биде зафатен и со друг филмски проект бидејќи е најавено дека ќе глуми во филм за големиот волшебник на 20 век, познатиот мајстор за илузија Хари Худини. Филмот на „Дизни“ ќе го режира Ден Трахтенберг, а се базира на книгата на Вилијам Калуш и Лери Сломан, „Тајниот живот на Худини – создавањето на првиот американски суперхерој“. Роден во Унгарија во 1874 година, Хари Худини е професионален магионичар илузионист, мајстор за бегство познат по своите зачудувачки бегства успевајќи да се ослободи од лисици и врзани јакни или лудачки кошули, на локации како што се стомакот на кит или кутии потопени под вода. Како и да е, Афлек во филмот нема да ја игра улогата на Худини. Актерот најверојатно ќе се појави како некаков агент.


1 view

Comments


bottom of page