Search
Бен Афлек се забавувал глумејќи го Бетмен во „Флеш“
- Aleksandar Santovski
- Oct 6, 2021
- 1 min read
06.10.2021 Oktomvri Sreda
Бен Афлек откри дека повторно се забавувал глумејќи го Бетмен во „Флеш“ по тешкото искуство со „Лига на правдата“. 49-годишниот актер ја репризира улогата на човекот-лилјак во претстојниот филм на „Ди-си екстендид јуниверс“ (DCEU) и вели дека со задоволство повторно ја прифатил улогата по тешкото искуство при снимањето на Justice League во 2017 година, во кој тој исто така се појави како Брус Вејн / Бетмен. Говорејќи на проекцијата на неговиот нов филм The Tender Bar, Афлек за „Вараети“ изјави: „Навистина убав начин да се повтори, иако претходното искуство беше тешко. Ова беше прекрасно. Добро се забавував.“

Comments