Бен Афлек не се одвојува од Џеј Ло дури и кога оди на интервју
Бен Афлек и Џенифер Лопез покажаа обединет фронт во средата пред неговото појавување во „Џими Кимел лајф!“ каде требаше да го промовира својот нов филм The Tender Bar. Актерот и режисер (49) и латино-дивата (52) беа забележани држејќи се за раце додека одеа кон студиото во Холивуд доцна во ноќта. Бен требаше да говори за својот најнов проект откако предизвика контроверзи по неговото гостување во „Вечерно шоу со Хауард Стерн“ во вторникот, кога рече дека почнал да пие бидејќи се чувствувал заробен во бракот со Џенифер Гарнер. Иако се очекуваше Бен да разговара за претстојниот филм, The Tender Bar, кој е во режија на неговиот пријател Џорџ Клуни, тој следниот ден се најде на насловните страници, но не за филмот, туку за тоа што го кажа за пиењето. Сепак, Лопез продолжи да го поддржува својот човек во јавноста додека го држеше за рака на пат кон студиото. Актерот, кој повеќе пати бил на рехабилитација поради зависноста од алкохол, објасни дека чувството на заробеност придонело за пиење во последните денови од бракот со Џенифер Гарнер. Тој раскажа како се чувствувал: „Не можам да заминам поради моите деца, но не сум среќен, што да правам? И она што правев беше да испијам шише скоч и да заспијам на каучот, што се покажа дека не е решение.“ Бен и Џенифер Гарнер се разделија во 2015 година, само еден ден по нивната 10-годишнина, а разводот го финализираа во 2018 година.
Opmerkingen