top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бен Афлек: Моите деца ме прават подобра личност

20.12.2021 Dekemvri Ponedelnik

На Бен Афлек најважно му е што мислат неговите деца за него. Говорејќи во интервју за „Добро утро, Америка“ минатиов викенд, актерот рече: „Единствената биографија на која ѝ е нешто потребно е напишана на срцата на вашите деца“. Во текот на гостувањето во емисијата Афлек продолжи да истражува во интимните детали за татковството, неговата трезвеност и за вторите шанси по борбата со зависноста. 49-годишниот актер од „Последниот дуел“ откри дека неговите деца го прават подобра личност. Тој стравува да не им пренесе некои од своите погрешни чекори и неуспеси, како што рече. Афлек се наврати на грешките што ги направил во минатото, меѓу кои и злоупотреба на опијати, па дури и некои коментари на сметка на поранешната сопруга Џенифер Гарнер. На крајот тој заклучи: „Работите што ги правам како татко секогаш ќе ја дефинираат мојата вредност како личност“.



3 views

Comments


bottom of page