top of page

Белистојаноски освои златен медал на Медитеранските игри во Таранто

Sep 1
1 min read

01.09.2026 Septemvri Vtornik

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски победи во својата категорија на Медитеранските игри и го обезбеди првиот златен медал за Македонија во Таранто.

Белистојаноски имаше импресивен настап во категоријата до 67 килограми и со четири победи стигна до златниот медал, кој е потврда за неговата одлична форма.

Прв ривал на Македонецот беше Алмасамлен од Сирија и тој беше победен со убедливи 6:1, по што следуваа победите над Лука Мареска од Италија во четвртфиналето и Гркот Јоргос Балиотис во полуфиналето.

Во финалето Белистојаноски се соочи со хрватскиот репрезентативец Боран Берак, кого го победи со убедливи 6:0 и на тој начин ја заокружи доминацијата на овој дел од карате турнирот во Таранто.

Денеска настап на карате турнирот ќе има и Вероника Костовска.


 
 
 

Comments


bottom of page