Search
Белград ќе биде домаќин на уште еден клуб од Евролигата
Белград ќе биде дом на уште еден клуб од Евролигата, поточно Партизан и Црвена Звезда добиваат друштво во најсилното кошаркарско натпреварување на стариот континент. Имено Макаби Тел Авив поради состојбите во Израел своите домашни натпревари ќе ги игра во српската престолнина и тоа во салата „Александар Николиќ“. Ова е одлучено на состанокот на Евролигата, односно до промена на сегашната ситуација Макаби ќе настапува во нашето соседство, а првата средба ќе ја има на 9 ноември против Баерн Минхен. Во меѓувреме дуелот против Реал Мадрид од 6. коло кој требаше да се одигра на 2 ноември е откажан, поточно истиот ќе добие нов термин.
Komentarji