top of page

Белгија среде Рим ја победи Италија лига на нации 1 коло фудбал 2026-2027 за европско

Sep 25
1 min read

25.09.2026 Septemvri Petok

Откако претходното лето го пропуштија третото Светско првенство по ред, Италијанците се надеваа дека ќе се извлечат од агонијата што ја доживуваат во ова издание на Лигата на нации.

Сепак, првиот меч под новиот селектор, Роберто Манчини, само ја продлабочи кризата. Домашната публика со концерт свирежи ги почести играчите на крајот од полувремето, а особено на самиот крај од натпреварот.

Мика Годс, новиот член на Пари Сен Жермен, го отвори резултатот во 20. минута.

Италијанците ја имаа единствената вистинска шанса во 9. минута кога Пио Еспозито ја погоди стативата, додека по примениот гол не беа во можност вистински да го нападнат голот на Сене Ламенс.

Наместо евентуално израмнување, во 69-та минута, Доди Лукебакио дополнително го замолкна „Олимпико“, погодувајќи ја „малата мрежа“ на Џиџи Донарума од над 20 метри.

Така, „аѕурите“ ја продлабочија својата криза, додека Марк ван Бомел го имаше своето деби со голема победа на клупата на Белгија.


 
 
 

Comments


bottom of page