top of page

Белгија првпат ќе игра на СП

РАКОМЕТ

Познати се сите двојки за вториот бараж за пласман на ракометното Светско првенство (СП) во 2023 година во Полска и во Шведска. Македонија ја победи Романија во првиот бараж-дуел, па сега на патот кон СП ѝ претстои уште репрезентацијата на Чешка. Првиот меч се игра во Злин, на 13 април, а реваншот во Скопје, на 16 април. Македонија игра за осмо учество на СП, а шесто во низа. На СП 2023 ќе настапат 32 репрезентации, Европа ќе има 15 претставници, а досега пласман обезбедија домаќините Полска и Шведска, светскиот првак Данска, потоа од Европското првенство годинава Франција, Норвешка и Шпанија, а од квалификациите Белгија, која приреди големо изненадување со триумфот над Словачка и првпат ќе игра на мундијал.

ВТОР БАРАЖ, ДВОЈКИ

Чешка – Македонија Германија – Ф. Острови Финска – Хрватска Исланд – Австрија Израел – Унгарија Грција – Црна Гора Португалија – Холандија Словенија – Србија средбите се на 13 и на 16 април


 
 
 

Comentários


bottom of page