top of page

„Белгија останува фаворит, но ние продолжуваме да сонуваме“ Македонија-Белгија Фудбал Петок 20-45 часот за светско првенство 2026 квалификации

09.10.2025 Oktomvri Cetvrtok

На само 24 часа до натпреварот од витално значење за македонската фудбалска репрезентација против Белгија, селекторот Благоја Милевски ја пренесе атмосферата од соблекувалната.

Нашиот селектор пред бројните белгиски и македонски новинари испрати порака на смиреност и мотивација.„Максимален респект за Белгија, која и натаму е фаворит во оваа група, но ние ќе продолжиме да сонуваме.Искрено можеби ни фалат повеќе вакви натпревари, но со пласманот во Б сегментот во Лигата на нации ќе имаме вакви натпревари и ваков тип противници. Само така може да напредуваме и да ја оствариме нашата цел и да бидеме подолго конкурентни против вакви противници. Тоа е правецот кој ни дава надеж за пласман на Светско првенство. И во минатото сме покажале дека можеме и со овој тип на противници. Имаме пласман на У21 и сениорско првенство на Европа и оваа репрезентација е зрела за тоа што ја очекува. Задоволство е да се работи со овие момци, затоа што на секој собир, во нивните очи се гледа спремноста да дадат максимум за националниот дрес. Овие момци никогаш не се штедат и секогаш се на максимум во репрезентацијата. Очекувам различен натпревар од оној во Скопје. Ќе ги нема Тилеманс и Лукаку, но ако сакаме поволен резултат треба да бидеме на повисоко ниво, отколку на мечот во Македонија. Мораме и ние, како и останатите во групата, да го подигнеме нивото за да ја оствариме целта“, заврши Милевски.

Дуелот меѓу Белгија и Македонија се игра утре од 20:45 часот, а ќе го води турскиот судија Халил Умут Мелер.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page