top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Белгија без Де Брујне и Азар против Италија

30.06.2021 Juni Sreda

Кевин де Брујне и Еден Азар нема да бидат во селекцијата на Белгија за четврт-финалето против Италија, в петок, во Минхен. Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, потврди дека двајцата фудбалери ќе го пропуштат натпреварот поради повредите на мечот со Португалија во неделата (1-0).

Мартинез призна дека постојат некакви шанса двајцата битни играчи во неговиот тим да закрепнат навреме за евентуалното полуфинале на „Вембли“, следниот вторник. Де Брујне, играчот за врска на Манчестер сити, има повреден глужд, а напаѓачот на Реал Мадрид, Азар, колено.

– За нас е многу позитивно што двајцата немаат структурни оштетувања. Тие остануваат со тимот, но нема да бидат подготвени за петок. За следната фаза би требало да бидат способни за игра и ако се пласираме во полуфиналето, шансите да играат се 50-50 – изјави Мартинез.


2 views

Comentarios


bottom of page