top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бела Хадид како Бонд-девојка во кампањата на Мајкл Корс

25.10.2021 Oktomvri Petok

Бела Хадид продолжува да позира како Бонд-девојка додека споделува снимки зад сцената од своето видео за кампањата на Мајкл Корс. Рекламирајќи мала маица agent 007 и црни долни бикини, таа ја покажува својата бронзена фигура додека се релаксира во базен. Тајмингот на новата колекција на познатиот моден дизајнер Мајкл Корс, со наслов Kors 007, беше темпиран да се совпадне со светската премиера на No Time To Die. Како заштитно лице на брендот, природно, Бела е ангажирана за најновата кампања што се снимаше во The Ocean Club на Бахамите – истата дестинација што се гледа во филмот за 007 „Казино Ројал“. На неколку фотографии 25-годишниот супермодел го покажува својот затегнат и исончан стомак, во високи долни бикини и „кропната“ црна маичка.




2 views

Comments


bottom of page