Бекер: Тоа беше шок за Федерер, не верувам дека ќе се врати
13.07.2021 Juli Vtornik
Некогашниот светски рекет број еден, Рожер Федерер на ужасен начин го заврши овогодишениот настап на Вимблдон, турнир на кој триумфираше Новак Ѓоковиќ.
Федерер беше декласиран во четвртфиналето од страна на Хуберт Хуркач со 3-0 во сетови со тоа што токму последниот беше неверојатен затоа што Полјакот го доби со 6-0. Ова никој не го очекуваше, па според легендарниот Борис Бекер ова може да биде пресуден момент во кариерата на Швајцарецот.\
-Мислам дека Рожер дојде на Вимблдон мислејќи дека сè се одвива според планот. Закрепна од проблемот со коленото, ја искористи земјата (турнирите) за да ја достигне формата и да ја врати самодовербата. Мислам дека не дојде на Вимблдон размислувајќи за пензија, ама сега размислува за тоа. Се промени начинот на кој загуби од Хуркач, -рече Германецот и додаде:
-Имам чувство дека Федерер нема да се врати на Вимблдон следното лето, особено по она што се случи во четвртфиналето. Мислам дека тоа беше огромен шок за него, -заклучи Бекер.
Comments