Бекер: Ова е голем удар за Ѓоковиќ, имаме нов крал
Победата на Карлос Алкарас над Новак Ѓоковиќ понатаму е топ тема во светот на тенисот, а за истата свој коментар има и легендарниот Борис Бекер.
Алкарас во еден возбудлив меч кој траеше ското пет часа славеше над постариот колега со 3-2 во сетови и со тоа дојде до првата титула на Вимблдон, вкупно втор негов трофеј на грен слем сцената.
-Мислам дека имаме нов крал, кој го собори стариот во многу возбудливо финале. По првиот сет мислев дека Новак ќе победи, но Карлос ја продолжи својата игра по вториот. Ова е голем удар за Ѓоковиќ, тој сигурно не очекуваше да загуби. За него беше изненадување можеби што победи во Париз, како сега кога загуби во Лондон, -рече Бекер кој посочи што сега го очекува Србинот.
-Сега ќе мора да разговара со семејството и тимот. Ќе видиме што ќе се случи, тој има 36 години, но сепак е фит. Поентата не е во годините, туку во мотивацијата и што најмногу освоил. По Мастерсот што следува, целото внимание ќе биде насочено кон Ју-Ес Опен каде што нè очекува кулминацијата. Алкарас ќе биде фаворит, -подвлече некогашниот тренер на Ноле.
Comentarios