Бекер: Новите правила ќе го уништат тенисот
Updated: Apr 19, 2022
18.04.2022 April Ponedelnik
Некогаш големиот тенисер и повремен тренер, Германецот Борис Бекер (54), е загрижен за состојбата во денешниот тенис. Тој смета дека новите правила што се предвидува да се воведат се престроги за овој спорт.
– Во мое време ни беше дозволено да покажеме емоции. Можевме да „полудиме“ на теренот, но немаше социјални мрежи, камери и микрофони да го забележат тоа. Денес е многу потешко за играчите, сѐ е проѕирно и премногу за мојот вкус. Тенисот е интересен спорт. Не би сакал да гледам машини и роботи на теренот. Тоа може да го убие тенисот. Крвта, потта и солзите мотивираат. Емоциите се добри – дециден е Бекер, кој е најмладиот победник на турнирот во Вимблдон (17 години и 227 дена).
Оваа изјава на победникот на шест гранслем-турнири и освојувач на златен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Барселона (1992) во игра на двојки со сонародникот Михаел Штих, дојде како реакција на веста од АТП, во која се вели дека во иднина ќе има поголеми казни за играчите што бурно реагираат на теренот и се расправаат со судиите.
Comments