top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бекер: Не знам што ќе направи Ѓоковиќ, пред него е голема одлука

Updated: Jan 25, 2022

24.01.2022 januari Ponedelnik

Еден од најдобрите тениски асови на сите времиња, Борис Бекер уште еднаш проговори за Новак Ѓоковиќ и се што помина во Австралија пред стартот на првиот грен слем во оваа календарска година.

Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн се со цел да ја одбрани титулата, меѓутоа тоа што не беше вакциниран против коронавирусот му донесе проблеми, драма која на крајот заврши со победа на властите кои го депортираа од земјата.

-Неиграњето на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен ја наруши динамиката на настаните на ист начин како што неиграњето на Рафаел Надал би го променил Ролан Гарос. Одеднаш играчите почнуваат да ги прилагодуваат своите соништа и очекувања, а тоа можеби го видовме преку неочекуваниот пораз на Александр Зверев, еден од фаворитите на турнирот. Надал е тој што може да има најголема корист од се бидејќи е во четвртфиналето, -порача Бекер кој потоа говореше за проблеми на Новак со кого соработуваше во минатото.

-Ова е уште една причина зошто Новак е пред голема одлука. Без да ги ревидира старите аргументи, одмерувајќи ги фактите за тоа дека сега на невакцинираните им е многу потешко да продолжат со нормален живот, а камоли да играат меѓународни турнири. Искрено, не знам што ќе избере, -истакна Бекер во колумната за „Дејли Мејл“.


2 views

コメント


bottom of page