top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бекам го посочи клубот кој можел да му ја расипе зделката со Меси: Бев загрижен кога тие покажаа инт

Бекам го посочи клубот кој можел да му ја расипе зделката со Меси: Бев загрижен кога тие покажаа интерес Лионел Меси беше слободен играч по завршувањето на минатата сезона, поточно реши дека е време за разделба со Пари Сен Жермен и да се фокусира на нов предизвик во кариерата. Неколку опции беа во игра за да на крајот можеби и изненадувачки Аргентинецот се реши да му каже „ДА“ на МЛС составот Интер Мајами кој како што е познато е предводен од легендарниот Дејвид Бекам. Токму популарниот Бекс одигра и клучна улога за Лео да се пресели на Флорида, но и тој самиот признава дека стравувал дека ова сценарио нема да се реализира и тоа поради повикот од Барселона. -Секогаш знаевме дека ќе има конкуренција. Малку се загрижив беше кога Барселона покажа интерес. Клубот очигледно го влече неговото срце и тој никогаш навистина не можеше да се збогува како што го заслужи. Тоа беше единствениот пат кога почнав да се грижам дека можеби ќе замине на друго место. -Ама направивме се што беше можно – јас, Хорхе и Хосе [Мас]. Потоа го добив тој телефонски повик дека решил да дојде кај нас… Сè уште се ежам. Им ветив на навивачите и луѓето на Мајами дека сакам да доведам некои од најдобрите играчи во светот. Сигурен сум дека секој сопственик тоа го кажува, но од првиот ден тој беше играчот од соништата што сакав да го доведам во Мајами. Го гледам во нашиот дрес, го гледам како тренира и игра и не можам да верувам дека го имаме Лионел Меси во нашиот клуб, -истакна Бекам кој запрашан за тоа дали Лео треба да го вика „шефе“ тој одговори: -Некои од нив така ме нарекуваат. Но, јас не му поставувам никакви барања на Лео и не ми се потребни, -заклучи Англичанецот.


0 views

Comments


bottom of page