top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Безвременски шарм: Синди Крафорд на корицата на полскиот „Вог“

Синди Крафорд ги покажува своите бескрајни нозе додека позираше за насловната страница за претстојното ноемвриско издание на полскиот „Вог“ оваа недела. 56-годишната убавица зрачи самодоверба додека позира без долна облека во црн фустан со одважен шлиц, кој ја открива нејзината затегната фигура. Синди, која се прослави како еден од легендарните супермодели од 90-тите, го насочи својот најдобар заводлив поглед кон камерата. На друга фотографија, некогашната икона на модните писти позира во црн фустан со качулка и голем шешир. Фотосесијата ја направи аргентинската фотографка Паола Кудацки, чии клиенти се низа познати личности од Бијонсе и Серена Вилијамс до Роберт Редфорд и Педро Алмодовар. „Вог Полска“ во ноемвриското издание се фокусира на икони, а Синди се вбројува во славната категорија. И денес, кога е во средината на петтата деценија, Синди продолжува да блеска со својата харизма и неминлива убавина.




1 view

Comments


bottom of page