„Безвременски мелодии” со Анимато во четврток во „Даутпашиниот амам“
Триото Анимато на 15 јуни во „Даутпашиниот амам“, со почеток во 19 часот, ќе оддржи свој концерт со програмски наслов „Безвременски мелодии“. Триото е формирано во 2020 година, а во него членуваат м-р Светлана Димитриевска – пијано, м-р Даниела Неделковска – флејта и м-р Симона Марочковска Манојловска – флејта. Сите три се професорки во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје.
-Состав од овој тип е навистина редок и е многу значаен за камерната музика и нејзиниот развој во Македонија, а секако е поттик и за учениците – велат од триото.
Композициите кои ќе ги исполнат се атрактивни, а публиката ќе има можност да ужива во популарни класични мелодии и да се препушти на извонредниот амбиент на „Даутпашиниот амам“. На програмата се дела од Едвард Григ, Јоханес Брамс, Габриел Форе, Дмитриј Шостакович, Франц Шуберт и македонската композиторка Бете Илин. Проектот е поддржан од Министрството за култура.
Comments