top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Без Џејкобс и Ворхолм во финалето

АТЛЕТИКА – ДИЈАМАНТСКА ЛИГА

Олимписките шампиони, натурализираниот Италијанец по потекло од САД, Марсел Џејкобс, и Норвежанецот Карстен Ворхолм не добија вајлд-карти за настап во финалето на Дијамантската лига во Цирих, на 7 и а 8 септември. Џејкобс (27), кој победи на 100 метри во Токио, сезонава не настапуваше во Дијамантската лига поради болест и повреда, но по освојувањето на европската титула минатата недела во Минхен, изјави дека би сакал да се проба со најдобрите американски спринтери. Ворхолм исто така имаше проблеми со повредата, поради што беше седми на СП во Јуџин, но на ЕП ја освои титулата. Еден од директорите на митингот во Цирих, Андреас Хедигер, изјави дека нема начин како да се заобиколат правилата за да им се дозволи на Џејкобс и на Ворхолм, светскиот рекордер на 400 метри со пречки, да се натпреваруваат во главниот настап на сезоната. – Правилата во Дијамантската лига велат дека пласман во финалето се обезбедува со собирање поени на 13-те натпревари. Најдобрите шест до 10 спортисти, во зависност од дисциплината, се квалификуваат за финалето, нема друг начин – вели Хедигер. Победниците од секоја дисциплина во Дијамантската лига добиваат трофеј и парична награда од 30.000 долари. Л.Д.


1 view

Comments


bottom of page