Бед Бани доминира во номинациите за Американските музички награди
Порториканскиот рапер Бед Бани доби најмногу номинации за овогодишните „Американ мјузик авордс“ (AMA’с), и се наоѓа пред колегата рапер Дрејк и поп-ѕвездите Бијонсе и Тејлор Свифт на листата кандидати објавена во четвртокот. Бани доби вкупно осум номинации и ќе се натпреварува за уметник на годината против британските ѕвезди Адел и Хари Стајлс и канадскиот музичар Д’викенд. Дрејк, Бијонсе и Свифт исто така се во трката за уметник на годината и добија по шест номинации. Номинациите се базираат на перформансите на музичките топ листи на „Билборд“, стриминг и продажба на албуми, радиоемитувања и ангажман на социјалните мрежи. Победниците ќе бидат одредени со гласање на фановите и ќе бидат објавени на церемонија во Лос Анџелес на 20 ноември. Настанот ќе се емитува во живо на мрежата Еј-би-си на Волт Дизни.
Comentários