Бебе на пат – Бритни Спирс повторно ќе стане мајка
- Aleksandar Santovski
- Apr 12, 2022
- 1 min read
Пејачката Бритни Спирс соопшти дека е бремена со трето дете. Спирс (40) не само што ја откри својата бременост туку и објави дека се омажила за својот свршеник Сем Асгари (28) нарекувајќи го мојот сопруг во објавата на „Инстаграм“ во понеделникот. Спирс опиша како забележала промени во стомакот и веднаш сфатила дека ваквите промени не се должат на зголемување на телесната тежина. „Направив тест за бременост… и … имам бебе“, напиша таа. Поп-ѕвездата исто така раскажа дека имала депресија во текот на претходната бременост и дека сега чувствува оти жените може поотворено да разговараат за своето ментално здравје додека се бремени. „Овој пат ќе се занимавам со јога секој ден!!! Ширејќи многу радост и љубов!!!“, напиша таа. Во јуни 2021 година Спирс се пожали на суд во случајот со конзерваторскиот надзор дека не ѝ дозволувале да се омажи или да има повеќе деца.


Comments