top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бајлс: ФБИ ги забошоти случаите со сексуално малтретирање

16.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Една од најдобрите гимнастичарки во историјата, Американката Симон Бајлс, пред американскиот Сенат обвини дека ФБИ го забошотиле случајот на сексуално малтретирање на докторот на репрезентацијата Лери Насар. „Заслужуваме одговори. Впечатокот е дека ФБИ е вклучен во забошотување на случајот, истото важи и за Федерацијата“, рекла Бајлс пред Одброт за правосудство. Пред Одброт, покрај Бајлс, сведочеле уште три спортистки: Ели Раисман, Мек Кајла Маруни и Меги Николас. „Виновен е системот што не успеа да нѐ заштити, но најмногу го обвинувам Лери“, рекола Бајлс. До истрагата во Сенатот дошло откога главниот инспектор во Министерството за правда, Мајкл Хоровиц, во јули во својот извештај ги осудил активностите на ФБИ. Хоровиц го нотирал неуспехот на ФБИ во истрагата против сексуалните малтретирања на спортистите. Наредната среда ќе сведочат Хоровиц и директорот на ФБИ, Крис Вреј. За потсетување, поранешниот докторор Лери Насар доби доживотна казна затвор за сексуално малтретирање на повеќе од 150 жени.


0 views

Comments


bottom of page