top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Барселона ќе ја заврши соработката со Циндриќ

Лука Циндриќ ја игра последната сезона во Барселона и наскоро ќе треба да си пронајде нов клуб.

Оваа изненадувачка вест пристигна денеска од Шпанија, а според истата шпанскиот клуб сака да се раздели со хрватскиот репрезентативец пред комплетирањето на договорот.

Честите повреди и долгите отсуства на поранешниот ракометар на Металург и Вардар се главна причина што Барса ќе му овозможи на плејмејкерот да бара нова средина за продолжување на својата успешна кариера, пренесува каталонски „Спорт“.

Шпанскиот великан на овој начин сериозно ќе ги намали и трошоците, а раководството е убедено дека има доволно играчи кои ќе можат да го надополнат заминување на искусниот среден бек.

Циндриќ дојде во Барса во 2019 година од Кјелце, по што два пати ја освои европската титула и го продолжи договорот до 2025 година.


1 view

Comments


bottom of page