Барселона си најде супер засилување од Премиер лигата: Рафиња отворен да се пресели на „Камп Ноу“
- Aleksandar Santovski
- Mar 23, 2022
- 1 min read
Откако ангажманот на Пјер Емерик Обамејанг се покажа како полн погодок, од таборот на Барселона повторно вниманието ќе го насочат кон играчи од Премиер лигата.
Жоан Лапорта веќе стапил во контакт со некогашниот фудбалер на Барселона, Деко, кој во моментов е агент на фудбалерот на Лидс Јунајтед, Рафиња.
Бразилскиот репрезентативец веќе втора година игра во одлична форма во англиската Премиер лига и со своите настапи го привлече вниманието на најголемите европски клубови меѓу кои и Барселона.
Наводно Рафиња бил отворен да се приклучи на Барселона откако првичните разговори меѓу двете страни поминале во крајно позитивна атмосфера.
Засега Барселона не стапила во контакт со Лидс Јунајтед и ќе чека до крајот на сезоната да види дали клубот од „Еланд Роуд“ ќе успее да обезбеди опстанок во Премиер лигата.
Инаку, до пред само две недели тимот на Челси бил главен фаворит за ангажман на Рафиња, но сега откако клубот доби санкции екстремно мали се шансите тој да направи трансфер на „Стемфорд Бриџ“.

Comments