top of page

Барселона се вклучува во трката за најдобриот играч на Светското првенство

06.08.2026 Avgust Cetvrtok

Барселона се уште се мачи да доведе „деветка“, идеална замена за Роберт Левандовски, ситуација која може да се влоши ако Феран Торес си замина до крајот на преодниот рок во Пари Сен Жермен, сценарио кое од ден на ден ставува поверојатно и реално.

Каталонците го посакуваат Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, меѓутоа веќе изгубија доста време и засега нема никакви сигнали дека Атлетико Мадрид ќе попушти и ќе му дозволи на Аргентинецот да си замине.

И додека оваа приказна трае, каталонците се обидуваат да „поентираат“ на друго поле и се распрашуваат за најдобриот играч на Светското првенство-Родри. Угледниот „Атлетик“ пренесува дека шпанскиот првак е во контакт со луѓето од кампот на Родри на кого му се допаѓа проектот на Барселона и фактот дека може да игра заедно со многу играчи од националниот тим (Јамал, Гарсија, Ерик Гарсија, Олмо, Гави, Педри, Кубарси, Торес).

Барселона ја „студира“ целата операција особено по повредата на Френки Де Јонг и на ова гледа како можност на пазарот со тоа што треба да се каже дека во целата приказна се уште е и Реал Мадрид. „Кралевите“ долго се поврзуваат со Родри, ама работата се оддолжи и денеска „Спорт“ излезе со вест дека постојат одредени проблеми и дека играчот за врска во моментов не е блиску до преселба на „Бернабеу“.

Фудбалерот на Манчестер Сити сака да се врати во татковината, па воопшто не е изненадување за тоа кои му се опции во моментов. Тој веќе е во последната година од договорот со премиерлигашот.


 
 
 

Comments


bottom of page