Барселона ризикува со совјот млад фудбалер: Одигра 73 натпревари минатата сезона и доби само два ден
- Aleksandar Santovski
- Aug 9, 2021
- 1 min read
Updated: Aug 10, 2021
09.08.2021 Avgust Ponedelnik
Фудбалското откритие на Барселона од минатата сезона, Педри веќе во четврток ќе мора да се врати на клупските обврски откако со репрезентацијата на Шпанија учествуваше на Олимписките игри во Токио. Педри со „фуријата“ стигна до финалето каде беа поразени од Бразил, па на крајот го освоија бронзениот медал на натпреварувањето. Освен Педри, дел од Шпанија беа уште двајца фудбалери на Барселона, Оскар Мингеза и Ерик Гарсија, но за разлика од офанзивецот тие немаа многу натпревари во своите ноземинатата сезона. Педри одигра неверојатни 73 натпревари на клупско и репрезентативно ниво и собра цели 4996 минути зад своето име, а сега од клубот ќе добие само два дена одмор и веќе во четврток ќе мора да се појави на тренингот на клубот. Се поставува прашање дали Роналд Куман веднаш ќе го стави во составот за воведниот натпревар од Ла Лига против Реал Сосиедад или ќе го одмори во следните неколку недели со цел играчот кој има само 18 години да собере енергија за новата натпреварувачка сезона. Како и да е, се очекува Педри во новата сезона да игра позначајна улога во тимот, посебно сега по заминувањето на Лионел Меси.

Commentaires