Барселона – ПСЖ е дерби на осминафиналето
15,12,2020 Декември Вторник
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ЖДРЕПКА Барселона – Пари сен Жермен е дербито на осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите. Двете екипи се сретнаа во незаборавното осминафинале во сезоната 2016/2017, во кое ПСЖ дома победи со 4-0, а Барселона во реваншот со 6-1. Двата клуба играа четири пати меѓу себе во сезоната 2014/2015, прво во групната фаза, а потоа и во четврт-финалето, во кое двапати победи Барселона (3-1 и 2-0). Во другите двојки ќе има две во кои ќе се сретнат тимови од Англија и од Германија, и тоа Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити и Лајпциг – Ливерпул, потоа ќе има реприза на уште едно осминафинале од сезоната 2016/2017 и единствен дуел во осминафиналето помеѓу поранешни европски прваци, Порто – Јувентус, а уште ќе играат Лацио – Баерн, Атлетико – Челси, Севилја – Борусија Дортмунд и Аталанта – Реал Мадрид. Во минатата сезона Аталанта играше во осминафиналето со тим од Шпанија (Валенсија), а Лајпциг со екипа од Англија (Тотенхем) итн. Ждрепката беше полудиригирана, што значи дека во оваа рунда меѓу себе не играат тимовите што беа во иста група сезонава, како и од иста земја. Од ждрепката за четврт-финалето престануваат да важат ограничувањата при ждрепката. Вкупно, во трка за титулата во ЛШ меѓу 16-те најдобри тима сезонава се осум досегашни европски прваци (Баерн, Челси, Борусија Дортмунд, Јувентус, Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона и Порто). Првите натпревари од осминафиналето треба да се играат на 16/17 и на 23/24 февруари, а реваншите на програмата се на 9/10 и на 16/17 март 2021 година. ЛШ, ОСМИНАФИНАЛЕ Барселона – ПСЖ Борусија М. – Манчестер С. Лајпциг – Ливерпул Порто – Јувентус Лацио – Баерн Атлетико – Челси Севилја – Борусија Д. Аталанта – Реал Мадрид првите средби се од 16 до 24 февруари, а реваншите од 9 до 17 март 2021
Comments