Барселона повлече „Шчесни“ потег и за ракометната секција
- Aleksandar Santovski
- 6 days ago
- 1 min read
09.04.2025 April Sreda
Ракометниот клуб Барселона официјално претстави засилување за до крајот на сезоната, а истото е ангажирано поради повредата на голманот Гонзало Перез де Варгас и обврските на екипата во завршницата од Лигата на шампионите.
Искусниот Венсан Жерар ја прекина својата пензија и на 38-годишна возраст ќе и помага на Барса во клучниот дел од сезоната, имајќи ја улогата како важна опција за првиот голман Емил Нилсен.
Досега на Нилсен му помагаше младиот Филип Шариќ, но раководството на шпанскиот великан решило да го ангажира Французинот, со кого ќе добие искуство и квалитет во обидот да ја финишира сезоната со посакуваните трофеи.
Жерар последниот официјален натпревар го одигра за својот национален тим на Олимписките игри во Париз, но останал во добра форма и не размислувал премногу кога го добил повикот од Каталонија.
Ракометната секција со овој потег го повтори она што го направи фудбалската уште пред неколку месеци, кога поради сериозната повреда на Тер Штеген беше реактивиран Војчех Шчесни.


Comments