Барселона обезбеди голем австриски талент за кој се интересираа голем број клубови
09.07.2021 Juli Petok
Барселона денеска објави дека ги обезбедила услугите на Јусуф Демир, досегашен фудбалер на Рапид Виена, кој ќе му се приклучи на Б тимот во новата сезона. Тинејџерот важи за еден од најталентираните фудбалери во својата генерација, веќе има 39 настапи за првиот тим на Рапид во австриското првенство и се чини најавува сериозен потенцијал, кој треба да го докаже на „Камп Ноу“. Тешката финансиската ситуација не дозволува вакви излети ова лето, па затоа Барселона сега ќе плати само 500.000 евра, но ќе остане обврската да го откупи договорот за 10 милиони евра. Брзината, дриблингот и можноста да игра на секоја позиција во нападот го прави Демир посебно интересен фудбалер, а тој веќе има дебитирано и за сениорската репрезентација на Австрија. Барселона го најави како втор Австриец кој настапувал за клубот и тоа по Ханс Кранкл.
Comments