Барселона и Флик добија добри вести пред клучниот дел од сезоната
- Aleksandar Santovski
- 2 hours ago
- 1 min read
03.04.2026 April Petok
Барселона влегува во најважниот период од сезоната со јасна цел, задржување на врвот во Примера и напад на трофејот во Лигата на шампиони. Каталонците во моментов имаат предност во однос на Реал Мадрид, но распоредот носи сериозни предизвици.
Првиот од нив е гостувањето кај Атлетико Мадрид во домашното првенство, што ќе биде увертира за двомечот со истиот противник во четвртфиналето од елитното натпреварување.
Добра вест за тренерот Ханси Флик е враќањето на Жул Кунде и Алехандро Балде, кои повторно тренираат со екипата и ќе конкурираат за настап во клучните натпревари.
Сепак, не е целосно позитивна ситуацијата во ростерот. Френки де Јонг и натаму е надвор од терените и сигурно ќе го пропушти претстојниот меч, додека Рафиња ќе биде отсутен подолг период по повредата заработена за време на репрезентативните настапи.






Comments