top of page

Барселона е подготвена да го пушти Депај, а за возврат бара еден играч од Атлетико

Барселона засега е мирна на трансфер пазарот, но тоа може да се промени до крајот на преодниот рок и тоа пред се со размени на некои играчи.

Медиумите во овие денови говореа за можен трејд со Интер во кој Хоакин Кореа и Марсело Брозовиќ би пристигнале на „Камп Ноу“, додека во спротивен справец би заминале Франк Кеси и Мемфис Депај.

Останува отворено прашањето колку е реално ова, но повеќе од реално е Депај да си замине од Барселона со оглед на тоа што тренерот Чави Ернандес многу малку смета на него, а воедно договорот му завршува во месец јуни.

Холаѓанецот е интересен за Атлетико Мадрид кој сака да ја пополни дупката која настана со заминувањето на Жоао Феликс. Мемфис е отворен за оваа опција, ама треба да се пронајде формула за реализација на зделката.

Има различни вести кои доаѓаа од Шпанија, наводно „колчонеросите“ не сакаат ништо да платат и го понудиле Тома Лемар, понуда која каталонците ја одбиле или поточно испратиле контра понуда во која го побарале Јаник Караско.

На Белгиецот и тоа како му се допаѓа оваа опција, ама проблем е неговиот клуб и останува одново дали евентуален притсок на офанивецот може да ги предомисли оперативците на Атлетико како и тренерот Симеоне.

Има доста до крајот на преодникот рок што значи дека постои моженост да се најде решение со тоа што сите страни да бидат задоволни.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page