Барселона договори искусен играч како замена за Бускетс (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Jul 17, 2023
- 1 min read
Барселона се обидува во овој преоден рок да донесе соодветна замена за Серхио Бускетс, меѓутоа ограничените финансиски ресурси се голем проблем и поради тоа мора да се бараат нови решенија, опции кои не беа прва желба на тренерот Чави Ернандес.
Како што стојат работите шпанскиот првак е на добар пат да ја затвори оваа тема и тоа со ангажман на членот на Џирона, Ориол Ромеу. Некогашниот член на Ла Масија кој играше и за Б тимот, а потоа дебитираше и за А тимот во натпреварувачката 2020/2011 сега ќе добие нова шанса како зрел фудбалер, фудбалер кој долги години играше во Англија во Челси и Саутемптон, а беше испраќан и за позајмици во Валенсија и Штутгарт.
Според Фабрицио Романо, Барса за него ќе плати 4,5 милиони евра и ќе го исплати Пабло Торе на позајмица до 2024 година.
Се очекува да се огласат и клубовите, односно Ромеу ќе биде дел од тимот кој ќе замина на турнејата во САД.

Comments