top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Барселона доби нови стратешки партнери и ги реши најголемите стравувања кои ги имаше Чави

Барселона минатата година направи низа рефинансирања и продаде дел од акциите на клубот за да почне нормално да функционира, но и за да има поголем буџет при реализирањето на трансфер зделките.

12 месеци подоцна, Жоан Лапорта беше приморан повторно да бара нови стратешки партнери кои ќе инвестираат во Барселона, а на денот кога почнува новата сезона во Ла Лига, пристигна најдобрата вест од клубот.

Барса соопшти дека нови стратешки партнери на клубот се „LIBERO football finance AG“ и „NIPA Capital B.V.“, компании кои решиле да вложат 120 милиони евра и да влезат како акционери во каталонската гордост.

Со оваа голема финансиска инјекција од германската и холандската компанија, претседателот Жоан Лапорта продолжува со економското стабилизирање на клубот кој го презема во навистина тешка состојба, а овие пари ќе помогнат за решавања и на најголемиот проблем кога е првиот тим во прашање.

Барселона до денеска не можеше да ги регистрира новите засилувања Илкај Гундоган, Ињиго Мартинез и Ориол Ромеу, но сега овој проблем е надминат и Чави ќе може да смета на сите расположливи сили уште во првото коло.

Шпанскиот првак ќе ја започне одбраната на титулата со гостување во Мадрид, каде тимот на Чави ќе ги одмери силите со Хетафе.


2 views

Comments


bottom of page