Барселона доби квалитетно засилување за продолжението на сезоната (ФОТО)
- Aleksandar Santovski
- Sep 11
- 1 min read
11.09.2025 Septemvri Cetvrtok
Барселона се уште се мачи да се стабилизира на финансиски план и се уште не може да влече потези на пазарот какви што посакувува, па останува да се види како Ханси Флик ќе се снајде во втората сезона во Каталонија и ќе може да ги повтори резултатите, настапите од првата година.
Барса покажа слабости во првите три кола, па веќе овој викенд против Валенсија ќе видиме дали тие проблеми се надминати, а во меѓувреме шпанскиот првак доби едно квалитетно засилување и тоа во стручниот штаб.
Тиаго Алкантара во иднина ќе му биде помошник на Флик, човек кој ќе биде врската меѓу Германецот и фудбалерите. Тој и минатата сезона беше дел од екипата, ама мораше да си замине по одбработените летните подготовки.
Сега ситуацијата е поинаква, Алкантара има конкретен ангажман и неговата улога ќе вклучува помагање со тактичките аспекти и подготовка на тренинзите, меѓу другото, носејќи го своето искуство и визија за играта за збогатување на секојдневната работа на тимот.
Тиаго е дете на Барселона, играч кој ги мина сите категории пред четири години да биде дел од првата екипа по што се пресели во Баерн Минхен, а потоа и Ливерпул каде ја заврши кариерата.






Comments