Барселона го доведе „Супермен“, Звезда го ангажираше „питбулот“ Холанд (ФОТО)
Барселона и Црвена Звезда продолжуваат да ги градат екипите за натпреварувачката 2022/2023, па така денеска промовираа, потврдија по едно звучно засилување. Шпанскиот вицешампион успеа да го донесе Никола Калиниќ кој интересно досега настапуваше токму за клубот од Белград. Барселона мораше прво да ги добие правата на Србинот од Валенија и откако тоа го реи го комплетираше трансферот на Никола кој се обврза дека ќе го носи овој дрес во наредните две години. Тој е четврто ново име по Јан Васели, Томаш Саторански и Оскар Да Силва, а каталонците интересно го преставија како Супермен. Кога е во прашање Звезда тие го добија потписот на Џон Холанд. Се работи за искусен играч кој може да ги покрие позициите 2 и 3, има настапи во НБА лигата и Европа каде последен тим му беше Бурса. Токму тука имаше еден интересен момент и тоа на дуелот против Цедевита Олимпија во Еврокупот каде ржеше како куче при интервју и притоа порачуваше дека тие се питбули. Претходно Звезда се засили со Немања Недовиќ и Хасан Мартин.
Comments