top of page

Барселона ги потврди најлошите стравувања за Френки Де Јонг (Фото)

23.07.2026 juli Cetvrtok

Френки Де Јонг заработи повреда на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но стана јасно дека проблемот е посериозен дури откако фудбалерот отпатува на лекарски прегледи во Барселона.

Медицинскиот тим на Холандија не сигнализираше никаква посериозна ситуација и му дозволи на Де Јонг да игра со повредено колено, но таквиот потег сега му донесе многу големи проблеми на клубот.

Барселона нема да може да смета на Френки на стартот на новата сезона, а во најлошо сценарио, Холанѓанецот би бил во аут до четири месеци.

Во прв момент се активира конзервативен третман поради повредата на медијално-колатералниот лигамент, па ако тоа вроди со плод, Де Јонг би бил во аут околу два месеци. Ако првиот дел од рехабилитацијата не ги задоволи лекарите на Барселона, Де Јонг ќе мора да направи операција и тоа би значело дека би бил во аут најмалку четири месеци.

– Тестовите извршени врз Френки де Јонг потврдија кинење на медијалниот колатерален лигамент (MCL) на неговото десно колено. Договорено е играчот да продолжи со конзервативен третман под надзор на медицинскиот персонал на клубот. Неговиот напредок ќе се следи во текот на наредните недели, – гласи соопштението на Барселона.


 
 
 

Comments


bottom of page