top of page

Барселона верува во новите деца и нивната верност кон клубот

09.02.2022 Februari Sreda

Шпанскиот прволигаш Барселона сака да се врати на победнички патеки и да биде конкурентна на сите фронтови, па полека но сигурно претседателот Жоан Лапорта и неговите соработници успеваат во таа нивна цел да го стабилизираат клубот на финансиски план што може да се види од активностите во изминатиов период.

Каталоните донесоа неколку имиња во зимскиот преоден рок, се планира сериозна активност и во наредниот трансфер прозорец, а во меѓувреме се работи на продолжување на соработката со дел од играчите.

Во прв план се новите деца, новата генерација како што се Роналд Араухо и Пабло Мартин Паез Гавира или попознат како Гави. Двајцата имаат активни договори до 2023 година, но Барса сака да ја продолжи соработката со нив со оглед на тоа што има сериозен интерес за нивните услуги по одличните партии во дресот на великанот.

Араухо има 22, Гави 17 години што значи се фудбалери кои можат долгорочно да ја водат Барселона, нивната желба е да останат тука и затоа според „Спорт“ во клубот се убедени дека се ќе заврши како што треба и покрај одредените разлики во преговорите.

Кога се во прашање младите сили, Барса успешно ги затвори случаите со Ансу Фати и Педри.


 
 
 

Kommentare


bottom of page