Search
Барди ја дозна казната за црвениот картон (ВИДЕО)
04.09.2026 Septemvri Petok
Енис Барди „поцрвене“ на последниот лигашки меч за Коњаспор против Коџаелиспор во турскиот шампионат и тоа откако влезе во игра на стартот на вториот дел.
Нашиот фудбалер имаше еден невнимателен старт кој од главниот судија беше санкциониран со исклучувања. Ова скапо го чинеше составот на Коњаспор кој на крајот загуби со 2-1, а дополнително во наредниот период нема да може да смета на услугите на македонскиот репрезентативец.
Имено „дисциплинците“ при турската фудбалска федерација го санкционираа Енис со два натпревари и тоа значи дека ќе ги „скокне“ битките со Ерзурумспор и Трабзонспор.







Comments