top of page

Барди: Македонија знае да одигра најдобро против фаворитите

25.03.2026 Mart Sreda

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) на стадионот „Паркен“ ќе го игра полуфиналниот бараж натпревар против Данска за пласман на Светското првенство.

Капитенот Енис Барди порача дека тимот е подготвен за новиот предизвик, на кој целта е македонскиот тим со заедничи дух, максимална борбеност и дисциплина да стигне до големата цел.

Победа ќе значи пласман во бараж финалето во мини-групата од четири репрезентации, но во овој момент, главен фокус на сите фудбалери е она што ќе се случува утревечер, а тоа е дуелот со фаворизираната Данска.

– Македонија на големи натпревари умее да одигра најдобро. Научивме многу од поразот против Велс, но сега пред нас е нов голем предизвик и ќе дадеме сѐ да ја исполниме целта. Работевме напорно во овие три дена, анализиравме, се подготвувавме и останува утре да истрчаме на теренот и да покажеме што знаеме. Ја чувствуваме поддршката од навивачите, ќе ги има и тука околу 2.000 на стадионот, но и од сите други кои ќе гледаат на телевизиските екрани било каде ширум во светот, – изјави капитенот Барди

– Ги знаеме силните и слабите страни на данската репрезентација, задоволни сме и од адаптацијата на новајлиите во националниот тим и сите знаедно влегуваме со многу емоции во овој дуел. На голем дел од вакви натпревари сме биле потценети и тоа добро ни дошло. Наше е да покажеме што знаеме, чувствуваме дека цела нација е со нас, – додаде Енис.


 
 
 

Comments


bottom of page