Барди и Елмас во еден глас: Никој не се чувствува комотно во Скопје, утре одиме по поволен фудбал лига на нации фото и видео
25..09.2026 Septemvri Petok
Двајцата кои се клучни во костурот на националниот тим секогаш влечат важни потези на теренот, а како играчи од кои ќе се очекува многу и утре на отворањето на новата сезона во Лигата на нации, Барди и Елмас не ги криеја високите амбиции.
Барди како капитен побара навивачите да дојдат во што поголем број, бидејќи само така ќе може да се продолжи добрата серија на резултати која ја имаше на домашен терен.
– Кога играме во Скопје, ниту еден противник не се чувствуа комотно. Тоа го знаеме ние играчите, но и публиката. Мораме да покажеме идентитет како тим, Македонија во Скопје секогаш игра добро и мотивирано и тоа треба да го покажеме и сега. Само со поддршка од навивачите ќе стигнеме до посакуван и позитивен резултат, – изјави Барди.
– Очекувам тежок натпревар против моќна репрезентација и четвртфиналист на последниот мундијал, но ние сме подготвени и ќе излеземе по позитивен резултат. Чест ни е што доаѓаат нови млади фудбалери во репрезентацијата, ние ги прифаќаме најдобро што можеме. За секој фудбалер е чест да го носи дресот на репрезентацијата, – се надоврза Елмас.







Comments