top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Барди: Дај Боже да продолжиме со Милевски, вака се игра за Македонија!

Македонија забележа одличен успех, бидејќи успеа да остане непоразена против големата Англија во последниот натпревар од циклусот квалификации за Европското првенство. Иако мечот немаше резултатско значење, сепак ремито е голем поттик за нашите фудбалери за иднината.

По крајот на натпреварот, „рисовите“ беа во добро расположение, а на јавноста ѝ се обрати капитенот Енис Барди. Тој смета дека тимот покажал обединетост и ова е вистинскиот начин како треба да се игра кога се носи дресот на Македонија.

„Знаевме дека не чека еден тежок натпревар против Англија, затоа што знаевме кој е ривалот. Последниот меч за оваа година бевме заедно и ја дадовме целата сила. Вака треба да се игра за репрезентацијата и да се излезе на терен кога се игра за националниот тим. Освоивме бод што не радува сите нас, една мала земја како Македонија освои голем бод со Англија. Ова е знак за иднината и како треба да се бориме.“, изјави Барди.

Капитенот на Македонија го коментираше и договорот на селекторот Благоја Милевски кој истекува по крајот на овој циклус.

„Не знам каков е неговиот договор и кога истекува затоа што тоа не е моја работа. Меѓутоа, со овој селектор направивме многу добри работи, почнувајќи од У21 па до сега. Сите се познаваме добро и дај Боже да продолжиме да работиме со Милевски. Го почитувам многу и имам голем респект за него“, додаде македонскиот репрезентативец.

Овој циклус на квалификации не беше баш најуспешен на Македонија во силната група. Завршнивме претпоследни само пред Малта, ама вреди да се издвојат двете големи ремија против Италија и Англија.


2 views

Comments


bottom of page