Барди ги врати сите на терен да ја поздрават „Фалангата“!
- Aleksandar Santovski
- Mar 27
- 1 min read
26.03.2026 Mart Cetvrtok
Разочарувањето беше очигледно кај македонските фудбалери по тешкиот пораз во Копенхаген, но капитенот Енис Барди уште еднаш ја покажа својата лидерска улога и одговорноста што ја носи во националниот тим.
По завршувањето на натпреварот со Данска, дел од репрезентативците беа подготвени веднаш да се упатат кон соблекувалната, без да ги поздрават навивачите кои во значителен број допатуваа во данската престолнина за да ја поддржат селекцијата. Сепак, Барди реагираше навреме, ги повика своите соиграчи и инсистираше да се вратат на теренот и да им оддадат почит на присутните фанови.
Овој гест на капитенот беше јасна порака за важноста на врската меѓу тимот и навивачите, особено во моменти кога резултатите не се на посакуваното ниво. И покрај разочарувањето од убедливиот пораз, македонските фудбалери на крајот им се заблагодарија на своите поддржувачи за несебичната поддршка.
навивачите.






Comments