top of page

Барди: Велс не игра како Белгија, но ќе притисне многу високо Македонија-Велс за светско првенство 2026 квалификации 18.11.2025 Ноември Вторник

18.11.2025 Noemvri Vtornik

Македонските фудбалски репрезентативци се во очекување на последниот дуел од квалификациите за Светското првенство. Натпреварот на гости против Велс е последниот. Нашата репрезентација по седум одиграни дуели има три победи и четири нерешени резултати што значи дека сме без пораз. Ако продолжат македонските фудбалери со позитивните резултати, на крајот ќе бидеме подобро пласирани од утрешниот ривал.

–  Сите го знаеме значењето на овој натпревар и можеме многу да добиеме. Треба прво да уживаме и да дадеме максимум. Без пораз сме долго време и треба утре да дадеме повеќе од што можеме. Често забораваме да уживаме во моментот. Некогаш од стрес, од притисок не уживаме во играта. Треба така да размислуваме и да бидеме релаксирани и сакам секој од нас да е горд и да уживаме на теренот. Кога мислам да уживаме мислам да се бориме, да трчаме, да оставиме срце на терен. Мислам дека Велс не игра како Белгија, но има агресивни фудбалери и ќе притисне многу високо. Нема да имаме премногу наши навивачи утре, но зад нас е цела една нација која ќе ни даде поддршка. Дај Боже на крај да се радуваме на позитивен резултат, изјави на прес конференцијата нашиот капитен Енис Барди.

Белгија е прва во групата со 15 бодови, пред Македонија и Велс кои имаат по 13. Нашата репрезентација има гол-разлика +9 (12:3), а Велс +4 (14:10). 

ree

 
 
 

Comments


bottom of page