Балканското дерби за Србинот: Јокиќ ја доби битката со Дончиќ и испиша историја во НБА лигата (ВИДЕО
Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа над Далас Меверикс со 118-109 во еден од мечевите кои ја одбележа утринската програма во НБА лигата.
Нагетс предводени од нивната прва ѕвезда Никола Јокиќ го одбранија домашниот терен и уште една потврдија дека „Бол Арена“ е вистинска тврдина во актуелнава сезона во која имаат само четири порази на 31 натпревар. Грин со 24 и Портер Џуниор со 22 кошеви беа најефикасни играчи, но Јокиќ одново имаше свое шоу со 14 поени, 13 скока и 10 асистенции.
Воедно со овој трипл-дабл Никола испиша нова историја затоа што ова беше 25 меч во низа на кој неговата екипа успева да слави која тој има ваков учинок. Досегашниот рекорд беше дело на Меџик Џонсон и Лос Анџелес Лејкерс во периодот од 1984 до 1987 година, но од сега Србинот е тој што е на врвот во оваа категорија.
Кога е во прашање Далас, Дончиќ ја презема целосната одговорност во отсуство на Ирвинг, ама неговите 37 поени и 9 асистенции не беа доволно да се спречи 29 сезонски пораз.
Кога се работи пак за индивидуалните партии, најдобар беше Микал Бриџис од Бруклин Нетс кој уфрли рекордни за него во кариерата 45 поени против Мајами Хит, а што е уште поважно „мрежичките“ го добија дуелот со 116-105.
Бриџис беше четврти различен играч на Бруклин (Кем Томас, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг) кој сезонава „испука“ 45 поени што е нов рекорд кога се во прашање екипите во НБА.
НБА, резултати:
Шарлот – Сан Антонио 120:110 Индијана – Чикаго 117:113 Атланта – Њујорк Никс 101:122 Бостон – Детроит 127:109 Бруклин – Мајами 116:105 Филаделфија – Кливленд 118:112 Мемфис – Јута 117:111 Оклахома – Хјустон 133:96 Денвер – Далас 118:109
Comentarios