top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Балетските ѕвезди собираат хуманитарни средства за Украина

15.04.2022 April Petok

Иван Путров и Алина Кожокару најавија настан на кој ќе настапат уметници од Кралскиот балет, Англискиот национален балет и Балетот на париската опера. Уметниците и изведувачите организираа серија настани за собирање средства за Украина. Меѓународните балетски ѕвезди ќе учествуваат на добротворна гала во Лондон, кон крајот на овој месец, за да соберат пари за луѓето во Украина. Во „Танц за Украина“ ќе се претстават најистакнатите руски балетски уметници што живеат надвор од Русија, заедно со уметници од Кралскиот балет, Англискиот национален балет и Балетот на париската опера.

Приходите од настанот ќе му бидат донирани на Комитетот за итни случаи на Украина. Церемонијата ќе ја водат украинската балетска ѕвезда Иван Путров и романската балерина Алина Кожокару. Тие вежбаа заедно во Киев, пред да му се приклучат на Кралскиот балет.

– Галата е посветена на човечките вредности. Нашето единство испраќа силна порака. Со учество во овој проект можете да му помогнете на некој што се нашол во тешки околности поради воено насилство. Танцот, музиката и уметноста го движат светот, а не насилството. Ние, уметниците, мора да го искористиме подарокот што го имаме – вели Путров.

Меѓу балетските ѕвезди што учествуваат се руска балерина Наталија Осипова и Катја Каниукова, која побегна од Киев во 2014 година и стана членка на Англискиот национален балет. Уметниците и изведувачите организираа серија настани за собирање средства за Украина. Некои аукциски куќи и галерии најавија и настани за продажба и собирање средства.

– Само зборовите не се ништо пред ваквото страдање и загубата на невини човечки животи. Уметноста, љубовта и хуманоста имаат моќ да инспирираат, па дури и да лекуваат. Во тој дух ќе се обединиме и ние, да танцуваме и да помогнеме колку што можеме – изјави Кожокару.


2 views

Comentarios


bottom of page